Достапни линкови

Професорот Лабовиќ поднесе оставка од Советот за реформи во правосудство


Професорот Миодраг Лабовиќ

Професорот Миодраг Лабовиќ, поднесе оставка од Советот за правосудство. Тој оставката ја поднел на вчерашната седница на советот за реформи во правосудството, а денеска ја доставил и во писмена верзија. Лабовиќ вели дека оставката ја поднел од морални причини и оти не верува дека ќе се постигне решавање на најголемиот проблем – владеењето на правото.

„Не можам да го прифатам единствениот аргумент што беше искажан, ако тоа е воопшто аргумент, а не е изговор, дека Владата не може да усвои стратешки насоки, колку и да се тие издржани, ако за тоа се потребни уставни измени. Ваквиот став искажан од министерката за правда и претседавач со советот, Дескоска, беше дополнително образложен со тоа дека секое ставање на уставни измени во стратешка насока можело само дополнително да го обремени процесот на преговори со ЕУ при отворање на поглавјата и да ни создаде непотребни тешкотии, имајќи го предвид фактот колку тешко одат преговорите со опозицијата за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за ЈО“ вели меѓудругото Лабовиќ во оставката.

XS
SM
MD
LG