Достапни линкови

Боки 13 в понеделник, Јанева во вторник на распит во Обвинителството


Бојан Јовановски, познат како Боки 13

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски,познат како Боки 13 в понеделник ќе даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал,а Катица Јанева во вторник, соопштуваат од Обвинителството.

Јовановски е во притвор веќе два месеца и тој досега не беше повикан на распит кај Вилма Русковска. Јанева даде исказ кај Русковска само еден ден пред Обвинителството да побара притвор, кој сега и е продолжен за нови 30 дена.

Паралелно,Обвинителството води истрага и за функционирањето на Меѓународниот сојуз на Боки 13. Освен првите луѓе на Сојузот, во Обвинителството досега исказ даваа и бизнисмени како што се Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски и политичари меѓу кои беа Ременски и Кирацовски. Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

XS
SM
MD
LG