Достапни линкови

Полицијата во Париз ги растера „Жолтите елеци“


илустрација

Полицијата во Париз денес употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат да го заживеат движењето на „Жолтите елеци“ протестирајќи против економските мерки и моќ на претседателот Емануел Макрон. Полицијата соопшти дека 39 лица се уапсени во 596 безбедносни контроли, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес.

Во француската престолнина се воведени високи безбедносни мерки додека неколку стотици демонстранти маршираат низ улиците. Во централните делови на градот каде не беше дозволен протестот, повеќе од седум илјади полицајци со опрема за демонстрација брзо растераа мала група демонстранти употребувајќи притоа солзавец . Повеќето од демонстрантите не беа облечени во флуоресцентни елеци именувани по движењето.

Во исто време со протестите, во Париз се одбележува Годишниот викенд на француското наследство, многу популарен настан за време на кој многу културни места се отворени за јавноста.

XS
SM
MD
LG