Достапни линкови

Во Тирана почна кампањата „Главата горе-изјасни се дека си Македонец“


Mакедонското друштво „Илинден“-Тирана

Mакедонското друштво „Илинден“-Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се.

„Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови“, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

XS
SM
MD
LG