Достапни линкови

Иран: Ако некој ги премине нашите граници, ние ќе ги погодиме


Командантот на иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, предупреди дека секоја земја што ќе ја нападне Исламска Република Иран ќе ја види својата територија претворена во „големо бојно поле“.

„Нашите сили се подготвени за борбата и какво било сценарио. Ако некој ги премине нашите граници, ние ќе ги погодиме“, рече Салами, додавајќи дека тие веќе извеле „воена вежба и подготвени се за сè“.

Неговите коментари следуваат откако САД соопштија дека Иран стои зад нападите врз големите нафтени полиња во Саудиска Арабија. Иран ги негира обвинувањата и тврди дека каков било напад врз нив може да резултира во „сеопфатна војна“.

„Никогаш нема да дозволиме никаква војна да го нападне Иран. Се надеваме дека нема да направат стратешка грешка“, како што беше случај порано, рече Салами, кој зборуваше во Техеранскиот музеј на Исламската револуција и Светата одбрана за време на отворањето на изложба на која Иран вели дека можат да се видат американски и други беспилотни летала заробени на неговата територија.

XS
SM
MD
LG