Достапни линкови

Мицкоски: Не сме разгледувале имиња за јавен обвинител


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА посочува дека на власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и дека СДСМ сака да го закочи целиот процес затоа што сакаат да имплементираат правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици. По последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а додава дека лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.

Мицкоски очекува добивање на датум за отпочнување преговори, но вели нема да биде вообичаено како што било за другите земји, туку дека ќе биде некој условен помеѓукомпромис.

Во интервјуто меѓудругото, посочува дека досега не бил повикан во обвинителството откако кажа дека поседува документи од укажувач за случајот Рекет.

XS
SM
MD
LG