Достапни линкови

ЕУ и Велика Британија ќе ги продолжат разговорите за Брегзит


Европската Унија соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за надминување на кризата за брегзит. ЕУ соопшти дека техничките разговори се фокусирале на првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија. ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата со Ирска без скапи и долги проверки.

Комисијата соопшти дека останува отворена да ги преиспита сите предлози за избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.

XS
SM
MD
LG