Достапни линкови

Јавното обвинителство презело 171 предмет од СЈО, 20 ќе имаат приоритет


Досега со овластувањето на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, четворица поранешни обвинители во СЈО продолжија да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа.

Јавното обвинителство презело од СЈО вкупно 171 предмет и дека приоритет во распоредувањето ќе имаат предметите кои се во судска постапка, информираат од Јавното обвинителство.

„ЈОРСМ презеде три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, шест предмети кои се во предистражна постапка, 80 РО предмети од кои дел се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност на СЈО, 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вонредни правни лекови“, информираат од ЈОРСМ.

Оттаму појаснуваат дека како доаѓаат судењата, така ќе бидат доделени овластувањата на јавни обвинители, а предметите кои се во истрага и во предистражна постапка, дополнително ќе бидат распределени.

Досега со овластувањето на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, четворица поранешни обвинители во СЈО продолжија да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа. Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа овластени за предметот „Монструм“, Ленче Ристоска за „Талир 2“ , Стевчо Донев за „Триста“ и Елизабета Јосифовска за „Тотал“.

XS
SM
MD
LG