Достапни линкови

Европарламент: Да престане хајката против опозициските градоначалници во Турција


Фотографија од прославата на победата на Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, политички противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган

Европратениците усвоија резолуција со која се бара турските власти да престанат да ги попречуваат и заплашуваат градоначалниците избрани на последните локални избори. Голем број локални избраници кои победија на изборите во март 2019 ширум Турција се спречени да седнат во своите фотелји или се заменети со неизбрани функционери, за европратениците од сите политички партии ова е неприфатливо, објавија новинските агенции.

Во резолуција изгласана со широка поддршка, европратениците ги осудија и заканите упатени кон новиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу и предупредија дека заплашувањата и заканите кон опозиционерите на локално ниво “сериозно ја загрозуваат демократијата на локално ниво“.

Европскиот Парламент итно бара да се ослободат и сите членови на опозицијата кои се наоѓаат во затвор. Парламентот е длабоко загрижен за влошувањето на демократските стандарди во Турција, истакнува резолуцијата и ги повикува турските власти да обезбеди слобода на изразување, темелни права и слободи како и правна држава во која секому му е гарантиран фер и независно судење.

XS
SM
MD
LG