Достапни линкови

Обвинителката Ристоска ќе го застапува предметот „Талир 2“


Архива - Обвинителката Ленче Ристоска.

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува пред Кривичниот суд предметот на СЈО „Талир 2“ со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Судење за предметот е закажано за утре, откако претходното рочиште беше одложено поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски кои се осомничени за злоупотреба на слоужбената положба, бидејќи овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обземедувањето на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни ргани и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.

XS
SM
MD
LG