Достапни линкови

Обвинителството отвори предмет за спорниот тендер за радарскиот систем


Oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека е отворен предмет и се постапува во врска со случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем.

„По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија. Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Предметот, велат од Обвинителството, е отворен веднаш по објавувањето на аудио-снимка од состанок во Владата, а со него е споена и кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Наредена е и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавно-обвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

XS
SM
MD
LG