Достапни линкови

Апелација ги потврди казните за осудените за Диво насеље


Архивска фотографија - Судскиот процес против таканаречената Кумановска група .

Апелациониот суд во Скопје ги потврди затворски казни за осудените за тероризам за нападите во кумановско Диво насеље. Судот ги отфрли сите жалби на одбраната. Вооружената таканаречена кумановска група е осудена за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, кога во престрели со македонските вооружени сили беа убиени осум полицајци и 10 припадници на вооружената група.

Апелациониот суд денеска ги потврди казните што во 2017 ги изрече Кривичниот суд. Тогаш судот досуди седум доживоти казни, 13 луѓе добија 40 години затвор, шест членови на групата по 20 години затвор, еден е осуден на 18 години, по двајца на 14 и на 13 години затвор, а поради немање докази четворица беаослободени од обвиненијата. Повеќето од осудените се косовски граѓани.

На одлуката на Апелација, осудените имаат право да се жалат до Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG