Достапни линкови

Советот на јавни обвинители утре ќе решава за статусот на обвинителите во СЈО


Архивска фотографија- Прес-конференција на обвинителката Ленче Ристоска од СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ веќе е разрешена. Останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи согласно законот нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. За нив, Советот на јавни обвинители ќе расправа утре на седница.

Јанева беше разрешена вчера на вонредна седница на Советот на јавни обвинители свикана доцна вечерва откако претходно Парламентот едногласно го усвои предлогот за нејзино разрешување.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по седницата изјави дека за јавните обвинители кои се дел од СЈО ќе мора да се применат одредбите од Законот за Специјалното јавно обвинителство за претставник на нивната функција.

„Тоа в понеделник ќе го констатираме со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност“, потенцира вчера Колевски.

XS
SM
MD
LG