Достапни линкови

Собранието едногласно ја разреши Јанева


Архивска фотографија- специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Едногласно, со 102 гласа „за“ Собранието денеска го утврди предлогот за разрешување на Катица Јанева од функцијата специјалната јавна обвинителка. Од немнозинските заедници 27 пратеници гласаа „за“ и исто така немаше воздржани ниту против.

Собранието на Република Северна Македонија предлогот за разрешување ќе го достави до Советот на јавни обвинители, информираше претседателот на Собранието Талат Џафери.

Сега Советот на јавни обвинители треба да свика седница на која треба да ја потврди. Во текот на седницата која почна со еден час задоцнување, а траеше околу еден час, зборуваа претставници од пратеничките групи. Опозиционерите го обвинија владејачкото мнозинство за одолговлекување на седницата за разрешување на Јанева.

На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

XS
SM
MD
LG