Достапни линкови

Закон за ЈО- Заев и Мицкоски со нови обвинувања


Скопје- средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, 11.09.2019

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за „Сител“ уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата.

За власта, потенцира Заев, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители.

„Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Предлогот Никола Груевски, Владимир Јован Илиевски или Марко Зврлевски секако не може да помине. Иднината на предметите се причината. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине“, подвлече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, во синоќешното интервју за емисијата 360 степени рече декана СДСМ не им одговара да има договор за јавното обвинителство.

„На СДСМ им одговара да нема договор, затоа што само на тој начин кога ќе се зборува за СЈО, за предметите во СЈО и така натаму, па ќе ја впрегнат онаа нивна скапо платена пи ар машина преку своите мегафони ќе кажуваат како ние штитиме криминал, за да може да му конкурираат на скандалот Рекет 1“, рече Мицкоски.

XS
SM
MD
LG