Достапни линкови

Пет големи пожари во Прилепско


Пожари во Прилепско.

Запрен е сообраќајот на маѓистралниот пат Прилеп-Градско кај Плетвар, каде е направена долга колона возила поради пожар од кој се крева густ чад и видливоста е намалена. Пожарот е меѓу пет големи пожари кои во моментов се активни во Прилепско: не потегот кај месноста Тројаци до Радобил каде од околу 13:30 часот гори нискостеблеста шума, а активни се пожари кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и Долненско каде исто така горат нискостеблести шуми и трева, информираат од прилепската противпожарна единица. Оттаму велат дека имаат на помош екипи од соседните градови кои заедно со нив се на теренот кај жариштата.

XS
SM
MD
LG