Достапни линкови

Новинарски протест пред Бугарското национално радио


Бугарски новинари на протест пред Бугарското национално радио.

Десетици новинари кои работат во Бугарското национално радио (БНР) денеска организираа протест против менаџментот на државните радиодифузери, со што станицата нема да емитува програма пет часа, откако нивна колешка позната по известување за склоноста кон корупција на бугарскиот судски систем беше суспендирана од нејзината работа.

Новинарката Силвија Великова денеска требаше да ја води утринската програма „Хоризонт“, но БНР доцна синоќа објави дека програмата нема да се емитува.

Менаџментот на БНР првично рече дека исклучувањето е неопходно поради техничко одржување на предавателите. Но, во извештаите на бугарските медиуми се вели дека нејзините колеги одбиле да ја заменат Великова во знак на солидарност со неа, поради што маџментот објави исклучување на предавателите низ земјата од 6 до 11 часот претпладне.

Како резултат на протестот Великова беше поканета да започне повторно да ја води нејзината програма од наредната недела. Шефот на програмата „Хоризонт“ Николај Крастев исто така денеска поднесе оставка.

Крастев се сомневаше во Великова велејќи дека го прекршила нејзиниот договор со тоа што додека била во етерот ги повикала слушателите да се приклучат на протестот за именувањето на следниот државен обвинител на Бугарија.

Генералниот обвинител Сотир Цацаров денеска објави дека започнува истрага за замолчување на дифузерот со образложение дека Бугарското национално радио „е дел од националната безбедносна инфраструктура.“

Случајот предизвика и критики од групите за човекови права. Бугарскиот огранок на Здружението на европски новинари го опиша случајот како „пуч против новинарскиот професионализам“ во земја која е најниско рангирана по слободата на печатот меѓу 28-те земји членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG