Достапни линкови

Расте бројот на партии кои ќе ги бојкотираат изборите во Србија


Илустрација - протест на „1 од 5 милиони.“

Расте бројот на политички партии во Србија кои ќе ги бојкотираат изборите идната година. Партијата Заедно за Србија на Небојша Зеленовиќ е четвртата која објави дека донела ваква одлука да не учествува на следните избори закажани за пролетта 2020 година, откако одлука за бојкот претходно донесоа и Народната партија на Вук Јеремиќ, движењето Двери на Бошко Обрадовиќ и Партијата за слобода и правда на Драган Ѓилас. Бојкот најави и иницијативата „Да не го давиме Белград“ и организаторите на протестите „1 од 5 милиони.“

„Свесни за одговорноста за иднината на земјата, направивме се што е во наша моќ да се дојде до создавање на услови за слободни и фер избори. Имавме конструктивен и добронамерен пристап и на тркалезните маси на власта и опозицијата на ФПН и во контактите со претставниците на меѓународната заедница, но Вучиќ реши да ја втурне земјата во длабока криза со одржување на лажни избори“, се вели во соопштението на ЗсС.

Партијата истакна дека српскиот претседател Александар Вучиќ е целосно одговорен за последиците од таквата одлука, но и дека ќе се борат за слободни и фер избори, кои според нив мора да се одржат најмалку девет месеци “откако ќе се воспостават услови за такви, вистински, избори’, велат од ЗсС.

Исто така најава дека наскоро ќе објават бојкот на изборите, даде и претседателот на Демократската странка (ДС) Зоран Лутовац, како и други партии и политички организации.

XS
SM
MD
LG