Достапни линкови

Путин, Ердоган и Рохани на состанок за Сирија


Претседателите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани, во понеделник во Анкара ќе одржат состанок на кој ќе ја разгледаат ситуацијата во сирискиот регион Идлиб, изјави денеска турскиот претседател за националната телевизија НТВ, а пренесоа светските новински агенции.

„Идлиб ќе биде во центарот на внимението на трилатералниот самит во Анкара. Ќе размениме мислења за различните точки на гледање за решавање на ситуацијата и за борбата против тероризмот“, рече Ердоган.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека рускиот претседател ќе учествува на состанокот на мировниот процес во Анкара и барањето решение за сириското прашање.

XS
SM
MD
LG