Достапни линкови

Јанушев: Преносот на предметите на СЈО по наредба на Јанева е преседан


Игор Јанушев

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вели дека постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем.

„Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени“, вели Јанушев во дописот до медиумите.

Тој додава дека „за ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи“.

XS
SM
MD
LG