Достапни линкови

Лавров убедува дека војната во Сирија завршила


Сирија се враќа во мир, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во интервју за весникот „Труд“, додавајќи дека во таа држава остануваат само одделни жаришта на тензии, пренесоа новинските агенции.

„Сириската војна навистина заврши. Земјата постепено се враќа во нормалниот мирен живот. Одделни жаришта на тензии остануваат само на териториите што не се контролирани од сириската влада, на пример, во Идлиб и источниот брег на Еуфрат“, вели Лавров.

Тој се надева дека формирањето и почнувањето со работа на Комитетот насочен кон осмислување на уставната реформа ќе стане важна фаза на промовирањето на политичкиот процес во Сирија.

XS
SM
MD
LG