Достапни линкови

Јовески: Под безбедносни мерки почна предавањето на предметите од СЈО


Под мерки на безбедност, денеска почна примопредавање на предметите од СЈО во ОЈО. Формирана е Комисија од сите обвинители во ОЈО и очекувам до крајот на денот да ги преземеме предметите, изјави по денешната средба во СЈО, републичкиот обвинител Љубомир Јовевски.

„Откако ќе ги добиеме предметите, ќе има попис на списи дали одговара со содржината на предметите по што ќе се одлучи за надлежноста на предметите. До тој момент сите предмети остануваат кај обвинителите во СЈО. На сила се сите безбедносни мерки за предметите. Се што ќе остане тука ќе се запази целата процедура. Ние не го тангираме статусот на СЈО. Вработените си остануваат во СЈО и за нив треба соодветно да се реши нивниот иден работен однос“, рече Јовевски.

XS
SM
MD
LG