Достапни линкови

Во Србија приведен Љупчо Палевски по потерница од Хрватска


Палевски бил приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од каде сакал да замен за Москва.

Љупчо Палевски, лидер на движењето „Трета“, бил приведен на белградскиот аеродром по потерница од Хрватска и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор во Белград, објавија дел од медиумите по потврдата од неговиот адвокат.

Според неговиот адвокат, тој бил приведен вчера во 14 часот по хрватска потерница за наводен долг од 2500 евра на фирма на Палевски во Хрватска, но како што вели, „било сомнително што кога ја преминувал македонско-српската граница хрватската потерница не била активна, а кога бил на аеродромот во Белград потерницата била активна“.

Палевски беше еден од предводниците на протестите против промената на името и е политички активен во партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, кон која неодамна го приклучи свото движење „Трета“.

Неговата сопартијка Солза Грчева, за медиумите изјавила дека „можеби ова му е подметнато“. На веб-страницата на партијата на Грчева стои дека Палевски е генерален секретар, но таа тврди дека тој се уште не е официјално избран и дека тој податок на сајтот го ставил некој администратор.

XS
SM
MD
LG