Достапни линкови

Гутереш: светот не може да живее со голем судир во Заливот


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „светот не може да живее со голем судир во Заливот“. Овој негов коментар се однесува на ескалацијата на кризата меѓу САД и Иран, бидејќи нуклеарниот договор од 2015 година е нарушен со повлекување на САД. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можело да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани без предуслови за да разговараат за иранската нуклеарна програма, но министерот за финансии на САД Стив Мнучин изјави дека Трамп не планирал таков состанок.

XS
SM
MD
LG