Достапни линкови

Денеска или утре, седница за разрешување на Јанева


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери најави дека седницата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе ја закаже за денеска или за утре. „Во секој случај нема да биде на 15 септември. Во цајтнот, последниот ден нема смисла, ни потреба да се одржи таа седница“ изјави тој. Мандатот на специјалната обвинителка Јанева, која е во притвор како осомничена во аферата „Рекет“, истекува на 15 септември. Изминативе два дена опозициската ВМРО ДПМНЕ бара итно разрешување на Јанева.

XS
SM
MD
LG