Достапни линкови

Утре мешовитата комисија ќе расправа за Делчев


Гоце Делчев

Денеска во Софија се одржа првиот ден од седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија којшто се одржува во Софија. Членовите на Комисијата работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за седмо одделение во Северна Македонија и шести клас во Бугарија.

"Постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја и во однос на терминологијата и користењето на одредени термини во учебниците кои се однесуваат на средновековниот период" потврдија за МИА од Комисијата.

И покрај разликите членовите на Комисијата усогласиле некои забелешки во однос на општите проблеми кои постојат во учебниците во двете држави.

На состанокот освен за средновековниот период ќе се распарава и за ликот и делото на Гоце Делчов. Втората тема за заедничкото чествување на Делчев ќе биде разгледана утре.
XS
SM
MD
LG