Достапни линкови

Турција, „длабока држава и присилни исчезнувања“


Турски семејства во потрага по уапсени и исчезнати роднини
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Турски семејства во потрага по уапсени и исчезнати роднини

Организациите за човекови права се сомневаат дека турската држава извршила најмалку 28 „присилни исчезнувања“ по неуспешниот пуч во јули 2016 година и во последователните чистки. Некои од нив биле најдени во прекумерен притвор, но има и такви за кои се уште нема никаква трага.

По 100 дена зад решетки поради обвиненијата за припадност на турска „терористичка организација“, Мустафа Јилмаз се врати кај сопругата, а му беше дозволено да се врати и на работа.

Но, неговите проблеми не завршија.

Шест недели по ослободувањето, тој исчезна.

Неговата сопруга, Сумеји Јилмаз, вели дека тој пред нивниот дом бил грабнат од двајца мажи.

Таа стравува дека тој е измачуван од соодветни државни служби.

„Станува збор за оние што се одговорни за неговото киднапирање, бидејќи не се спроведуваат сериозни процедури. Јас лично сметам дека станува збор за луѓе кои ја користат државната етикета, оние што ги нарекуваат „длабока држава“, кои се одговорни за киднапирањето на мојот сопруг“.

Јилмаз е еден од 28 луѓе за кои активистите за човекови права и законодавците велат дека исчезнале по неуспешниот пуч во јули 2016 година.

Дваесет и пет од нив биле најдени „заборавени“ во притвор или на некоја планина некаде во Турција, но Јилмаз и уште двајца се уште се водат за исчезнати.

Таткото на еден од нив, Мустафа Тунч вели:

„Имаше налог за апсење, но лицата во притвор се сослушуваат 3 до 5 дена, без разлика за што, а потоа се изведуваат пред лицето на правдата. Но, за нас, тоа беше повеќе од три недели. Кога ќе ја контактираме полицијата, тие ни кажуваат дека тој не бил уапсен, дека такво нешто никогаш не се случило“.

Активистите велат дека повеќето од нив биле измачувани, додека владата наведува дека има нулта толеранција кон тортура.

33 годишниот Јилмаз беше еден од шесттемина мажи кои исчезнаа за неколку дена во Анкара, Истанбул, Анталија и северозападната провинција Едрене во февруари годинава.

Сите тие беа обвинети за врски со исламистичка организација предводена од американскиот свештеник Фетулах Ѓулен за кого Анкара тврди дека наредил обид за пуч во 2016 година.

„Периодот по 28 јули беше како пекол за мене“, вели Сумеји Јилмаз, додавајќи дека полицијата не прави доволно за да го најде нејзиниот сопруг.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG