Достапни линкови

БЕСА: Неприфатливо е осомничени за криминал да преговараат за ЈО и СЈО


Билал Касами БЕСА

Движењето БЕСА посочува дека за нив е апсолутно неприфатливо две страни вклучени директно или индиректно во судски постапки или се во истрага од специјалното или јавното обвинителство да преговараат за иднината на ваквите важни институции во државатаа.

„Сите наши сознанија се потврдија дека ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, како политички претставници на ДУИ, не можат да одлучат да имаат независен и професионален судски систем, бидејќи обете страни заедно со нивниот заеднички именител ДУИ се актери кои сакаат да избегаат од правдата. Не е прифатливо за правдата и за владеењето на правото да преговараат токму оние кои ја избегнуват правдата или се обидуваат да најдат пропусти за да избегаат од гонење за сторените злосторства“, се вели во нивното соопштение по вчерашната неуспешна лидерска средба.

Од БЕСА апелираат до сите политички партии, да не ја држаат под залог европската иднина на граѓаните на Северна Македонија, туку да се одречат од нивните тесни партиски интереси и за прв пат да размислуваат за граѓаните на оваа земја.

XS
SM
MD
LG