Достапни линкови

Прибе: Без политичка волја, нема владеење на правото


Рајнхард Прибе

Говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“, правниот експерт од Европската комисија, Рајнхард Прибе, денеска во Скопје изјави дека политичарите треба да имаат политичка волја за да го имплементираат владеењето на правото.

„На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои владеењето на правото“, изјави Прибе.

На конференцијата учествуваше и вицепремиерот Бујар Османи, кој рече дека тоа што синоќа лидерите на власта и опозицијата не постигнале договор, нема да влијае врз евроинтегративниот пат на државата.

„Нов закон за јавно обвинителство не е еден од условите за добивање датум за преговори. Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение“, изјави Османи.

XS
SM
MD
LG