Достапни линкови

Заев: Груевизам и подготвеност на се за да го спасат режимскиот криминал


Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев за синоќешната пропадната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите. Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот. Ги интересира само да го спасат режимскиот криминал“, рече Заев.

Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат и нема никој да дозволи да се заташкаат или уништат.

XS
SM
MD
LG