Достапни линкови

Средбата Заев-Мицкоски без договор за законот за ЈО


Лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

По седум часа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски не успеаја да се договорат околу клучните разлики за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО. Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017. Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници. Од СДСМ велат дека државата конечно изградила независен судски систем кој функционира непречено, кој не може да биде спречен од која било политичка партија. До 15 септември завршува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите. Согласно законските овластувања, Јавниот обвинител Љубомир Јовески треба да одреди кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, според власта, веќе предметите на СЈО не зависат од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција предводена од Јовески.

XS
SM
MD
LG