Достапни линкови

Димитров: Позитивната одлука во октомври е заслужена


Никола Димитров и Јоханес Хан во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на посетата на Брисел остварил средба со комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, на која било разговарано за последните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области во земјата. Министерот Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата ја реафирмирал посветеноста на европските вредности, изразувајќи уверување дека во октомври земјите-членки ќе ја препознаат и валидираат истата со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори.

„Останува уште малку време до моментот кој ќе може да се смета не само за заеднички успех, туку испишување на историја со предзнак на иднина. Овде сум за да уверам дека позитивната одлука во октомври е заслужена и најдоброто решение за иднината на Северна Македонија, на регионот, но и во интерес на самата ЕУ, порачал Димитров“, а се вели во соопштението од МНР.

Од страна на еврокомесарот Хан било потенцирано дека земјата ги исполни очекувањата на тој план со што изгледите за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори со ЕУ, се повеќе од реални.

XS
SM
MD
LG