Достапни линкови

Заев: Бараа предвремени избори, реков може октомври 2020, декември е зима


Фокусот треба да се стави на на полноправното членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ, изјави премерот Зоран Заев пред вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРИО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски и додаде дека очекува со Мицкоски да се обидат да го решат прашањето со Законот за ЈО.

„Очекувам пред се одговорност. На крајот и граѓаните го очекуваат тоа од нас, а богами и ЕУ преку земјите членки на Европскиот совет чекаат секогаш да направиме некој чекор повеќе. Иако законот за ЈО не е дел од европскиот извештај по којшто се одлучува формално на Европскиот совет во средината на октомври, но треба да го отстраниме тоа прашање за случајно некому да не му биде, а на крајот на денот уште поважно заради граѓаните дома, очекувам одговорност“, изјави Заев.

За барањето за предвремени избори кажа дека е легитимно опозицијата секогаш да бара нешто и додаде дека прифатлив период за тоа би бил октомври 20120 година.

„Јас немам дилеми за секое прашање да разговараме. Нормално нашите ставови се се што е интерес на државата. Мислиме дека е ова навистина неповторливо позитивно време за нашата земја во кое очекуваме датум за почеток на преговорите, полноправно членство во НАТО, треба да дадеме шанса и на правната држава и на економијата пред се и над се и затоа реков дека треба да тераме до крај на мандатот. Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше „ОК“ нека бидат крајот на октомври 2020 година, оти реално декември е навистина зима или слично, и стоиме на тие ставови“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG