Достапни линкови

СЈО: Нашиот нерешен статус може да ги загрози и вработените и безбедноста на материјалите


СЈО денеска соопшти дека сѐ уште не добило писмен допис од Јавното обвинителство за да може да извести дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство. Оттаму велат дека се загрижени и што се уште не е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на СЈО.

„Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата“, стои во соопштението на СЈО.

Од ова Обвинителство предупредуваат дека поради овие нерешени прашања, може да биде проблематизиран раборниот однос и платите на вработените, како и безбедноста на материјалите со кои располага СЈО.

„Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“, се вели во соопштението на СЈО, објавено на нивната интернет страница.

XS
SM
MD
LG