Достапни линкови

Утре лидерска Заев - Мицкоски: Закон за ЈО и предвремени избори


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието ќе имаат лидерска средба за да се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство, објави МИА, повикувајќи се на потврда од владини извори.

Лидерската средба ќе почне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири. Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски синоќа во интервју за Алфа најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори. Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на лице место.

И од ВМРО -ДПМНЕ за МИА го потврдиле одржувањето на лидерската, но нагласиле дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

XS
SM
MD
LG