Достапни линкови

Пендаровски повика да го обновиме единството


Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

По повод 8 септември денот на независноста Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните.

„Во 1991-та, во неизвесно време, ние, граѓаните, се обединивме околу идејата за своја, независна држава. Тогаш, големиот предизвик, наместо причина за поделби, стана повод за обединување, сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија".

Низ годините, како што посочува претеседателот, имавме подеми и падови, и грешки и успеси, но, заедно, ги надминавме сите искушенија.

"Во 1991-та одбравме независност, во 2001-та меѓуетнички соживот. Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет"

Говорејќи за различностите, Пендаровски истакнува дека токму нашата различност е нашата привилегија и порачува дека треба да градиме заеднички држава во која сигурно има место за сите нас.

"Држава во која владее правото, во која истите правила важат за сите нас, и за власта, и за опозицијата. Држава во која ќе се признаваат грешките и ќе се честитаат успесите. Само таква држава ќе има сигурна и просперитетна иднина", вели шефот на државата во честитката упатена по повод Денот на Независноста

XS
SM
MD
LG