Достапни линкови

Досега 37.189 деца примиле МРП вакцини


Пункт за вакцинирање во Скопје.

Министерството за здравство соопшти дека од почетокот на епидемијата со морбили до вчера вакцинирани се 37.189 лица на возраст до 14 години.

16.935 деца се вакцинирани во Скопје, а во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца.

Од декември 2018 година, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во државава.

Остануваат на сила мерките и активности кои ги преземаат центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и вакциналните служби.

XS
SM
MD
LG