Достапни линкови

Напад врз доктор на клиника во Тетово, лекарската комора го осуди инцидентот


Илустративна фотографија.

Лекарската комора на Македонија излезе со соопштение во кое најостро го осудува последниот инцидент во Клиничката болница во Тетово, откако денеска попладне родител на пациент нападна доктор на Одделението за дерматовенерологија и со удари во главата му нанесе повреди.

„Со оглед дека ова е само последен ваков инцидент во македонското здравство, Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите инциденти на физичко насилство над здравствените работници кои согласно законската регулатива на своите рабони места се службени лица“, се вели во соопштението.

Лекарската комора наведува дека има рзбирање за здравствените проблеми на пациентите и нивните блиски, но оти истовремено осудува било какво насилство врз медицински персонал.

„Медицинарите секојдневно се борат за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG