Достапни линкови

Акција на МВР - Уапсени 10 лица, запленето поголемо количество дрога


Илустрација

МВР денеска, во неколку поврзани акции, разби криминална група која се занимавала со набавка и продажба на марихуана во Струга, Охрид, Битола, Велес и Тетово, соопшти Министерството. Во неколкуте координирани акции, до сега од слобода се приведени 10 македонски државјани, а при претресот за време на акциите биле откриени и запленети околу 20 килограми марихуана, други опојни дроги, седум возила и еден мотоцикл.

Во текот на истрагата било утврдено дека групата била предводена од Л.Г. (25) од Струга, кој бил задолжен за набавка, организирање на транспорт и дистрибуција до уличните дилери заради понатамошна препродажба и М.Д. (23) од Струга, кој дрогата ја криел во викенд куќа во с. Горна Белица, каде таа била пакувана и доставувана на Л.Г. за понатамошна продажба.

XS
SM
MD
LG