Достапни линкови

Предлогот за разрешување на Јанева усвоен едногласно и без дебата


Комисијата за именување на седница за разрешување на Катица Јанева

Едногласно и без дебата, Комисијата за избори и именувања донесе заклучок да му прдложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“. Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Седницата на Комисијата беше зад затворени врати, бидејќи извештајот содржи многу детали од истрагата.

XS
SM
MD
LG