Достапни линкови

„Самоопределување“ бара договор со Белград врз три принципи


Албин Курти, лидерот на „Самоопределување“

Албин Курти, лидерот на косовското опозициско движење „Самоопределување“, изјави дека не е против дијалог со Белград ако тој се заснова врз обврзни три принципи и откако „Косово ќе зајакне како држава“. Според приштинскиот весник „Коха“, Курти истакна дека дијалогот со Белград не може да трае во недоглед, пренесе МИА.

Тој нагласи дека три принципи врз кои треба да се заснова дијалогот се: дека нема договор без дијалог, дека не може да се водат преговори врз основа на мапи и дека тие мапи не можат да бидат во рацете на косовскиот претседател.

Курти смета дека во дијалогот е неопходен реципроцитет.

„Во Србија има повеќе Албанци отколку Срби во Косово. Треба да се нагласи дека преговорите се бојно поле со непознат исход. Не треба да чекаме Србија да каже што бара од нас за дури тогаш ние да бараме нешто од неа“, вели Курти, додавајќи дека не смее дел од дијалогот да биде „трговија со територии“.

XS
SM
MD
LG