Достапни линкови

Комисијата одлучи - Извештајот за Катица Јанева зад затворени врати


Седница на Комисијата за именување за разрешување на Катица Јанева

Собраниската комисија за избори и именувања одлучи седницата на која ќе се разгледува Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде затворен за јавноста.

Пред седницата, пратеникот Илија Димовски побара да се работи зад затворени врати, бидејќи извештајот содржел многу детали од истрагата.

„Седницата ќе биде затворена затоа што станува збор за класифициран материјал иако јас сметам дека за извештајот од Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева треба да се расправа на отворена седница“, изјави Димовски.

Според процедурата, примероци од Извештајот ќе им бидат поделени на сите членови на комисијата, тие ќе го разгледаат, па потоа ќе гласаат. Предлогот за разрешување на Јанева ќе се донесе со просто мнозинство, а конечната одлука треба ја донесат пратениците на пленарна седница со двотретинско мнозинство, која треба да ја закаже претседателот на Собранието Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG