Достапни линкови

Кирацовски во Обвинителството за „Рекет“


Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска треба да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. Тој пред неколку дена на Фејсбук објави дека во Обвинителството треба да бидат повикани сите кои се фотографирале со осомничениот во случајот, Бојан Јовановски - Боки 13.

Кирацовски извесен период се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата дека, наводно, „е близок со Боки 13“.

Пред него во Обвинителството за „Рекет“ беа повикани пратеничката Фросина Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

XS
SM
MD
LG