Достапни линкови

Пендаровски: следува период кој може да е турбулентен


Прес-конференција на претседателот Стево Пендаровски

„Безбедносната состојба во земјава е стабилна. Нема никакви индикатори ниту внатре во нашите граници, ниту надвор од границите во блискиот и поширокиот регион дека таа би можела битно суштински да се влоши до ниво да го загрози интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија. Сепак треба да се има предвид дека следува период што може да биде турбулентен поради очекуваното членство на земјава во НАТО, но и можното отворање на преговорите со ЕУ“. Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски на прес конференцијата по првата конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. „Заклучок е дека Република Северна Македонија во наредните 40 до 50 дена влегува во еден период кој може да биде турбулентен и од политички и од безбедносен аспект, затоа што во наредниот период очекуваме завршување на неколку битни ратификации во однос на нашето НАТО членство и во средината на следниот месец очекуваме одлука на Европскиот Совет за отворање на пристапните преговори со Европската Унија, рече Пендаровски. Според него, во следниот период внимание треба да се посвети и на развојот на дијалогот Белград – Приштина. На седницата, иако бил поканет не присуствувал лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Пендаровски рече дека нема информација зошто Мицкоски не дошол на седницата.

XS
SM
MD
LG