Достапни линкови

Ременски: Ќе се воздржам од коментари дали мојата функција била злоупотребена


Бев повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет" како и со Меѓународниот сојуз, изјави пратеничката Фросина Ременски, по излаегување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Таа нагласи дека се што била прашана во Обвинителството - одговорила.

„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојузи и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство, во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не", изјави Ременски.

На прашањето дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски повтори дека и во време кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи и дека околу тоа нема ништо против.

„Јас квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест", додаде пратеничката во изјавата.

На новинарските прашања за фотографиите на кои се таа и осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски - Боки 13, таа рече дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет".

XS
SM
MD
LG