Достапни линкови

Ребаланс на буџетот- пари за субвенции за плати, за вработувања, за земјоделство


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата

Владата на денешата седница го усвои ребалансот на буџетот кој сега треба да биде испратен во Собранието. Премиерот Зоран Заев кој попладнево одржа заедничка прес конференција со новата министерка за финансии Нина Ангеловска, рече дека со ребалансот се преместуваат пари “онаму каде што има најголема ефикасност и ќе се постигнат поголеми економски ефекти“.

„Поради интензивирање на економските активности министерството за финансии ја ревидираше проекцијата на растот и истата ја зголеми од 3,2 на 3,5 проценти. Вкупните приходи на Република Северна Македонија се планирани од 210,5 милијарди денари,а вкупните расходи се утврдени на 228,3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно истиот е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5 проценти од БДП“, рече Заев.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ.

Министерката за финансии Ангеловска, пак, информираше дека поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции за периодот јануари – август годинава од иницијално планираните 25,9 милијарди намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација. Тоа се воглавно проекти финансирани со кредити и тие пари се пренаменети. Ангеловска нагласи и дека буџетот е во одлична кондиција и има одлична наплата на приходите.

XS
SM
MD
LG