Достапни линкови

Три нови пожари во велешко


Архивска фотографија- пожарна за гасењето на шумскиот пожар во близина на езерото Младост

Претпладнево избувна пожар кај село Црквино, велешко, а со пожарот е зафатена дабова шума и смрека на неколку хектари. Таму се уште гасат пожарникари од ТППЕ Велес, кои попладнево се упатија на уште два нови пожари кај селото Раштани во близина на Велес и кај Мотелот „Македонија“ што води кон патот за Градско.

Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес, за справување со огнената стихија на три терени ангажирани се 20 пожарникари со противпожарни возила.

Инаку вчера попладне по осум дена беснеење конечно беше локализиран и целосно изгаснат големиот шумски пожар помеѓу селата Ораовец и Војница, информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка.

XS
SM
MD
LG