Достапни линкови

Албанија - Наскоро почнува истрага за функционери поврзани со криминал


Илустрација

Американската амбасада во Тирана објави анимирано видео со резиме на албански функционери заглавени во „мрежата“ на ветингот. Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската aмбасада. Меѓу другото, САД посочуваат дека Високиот судски совет (КЛЃ) и Високиот совет на обвинители (КЛП) почнале со работа околу формирање на Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) и оти наскоро оваа институција ќе ги истражи корумпираните службеници и организираниот криминал.

„Дали сте заинтересирани да научите повеќе за правосудната реформа? Следете го вториот подкаст од серијата „PodAlbania“, изработен од група учесници во програмата за размена на Стејт департментот, со поддршка од Амбасадата на Соединетите држави. Стоп за корупцијата! Реформата во правосудството и посебно процесот на ветинг ги даваат први резултати“, се наведува во видеото.

Се додава дека повеќе десеттици судии и обвинители се разрешени од должноста поради тоа што „не успеале да го оправдаат своето богатство и несоодветните контакти со криминалот“.

XS
SM
MD
LG