Достапни линкови

Палмер: Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ


Метју Палмер, Радмила Шекеринска и Никола Димитров

„САД силно ја поддржуваат Северна Македонија во реализацијата на своите стратешки цели - полноправното членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани. Криминалот и неговите протагонисти ќе бидат казнети без исклучок, неказнивоста во земја членка на НАТО со европска иднина, не е опција“. Ова било речено на средбата помеѓу министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.

Како што информираат од МНР, фокусот на разговорите бил ставен на динамиката на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и севкупното значење од интегрирањето на земјата во Алијансата, како и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, за регионот и пошироко. Биле разменети мислења и за внатрешно политичките актуелности во земјата, а се разговарало и за случувањата во соседството.

„Специјалниот претставник на САД, за Западен Балкан повтори дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. „Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Палмер, се наведува во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG