Достапни линкови

Силјан Мицевски на исказ за „Рекет“


Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“. Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појснување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.

На влегување во Обвинителството, Мицевски за медиумите изјави дека парите не биле уплатени на сметка на Лилјана Тодоровска, чија било идејното решение за центар за возрасни, туку на сметката на Меѓународниот сојуз и најави дека ќе бара парите да му бидат вратени.
Пред Мицевски, во Обвинителството беше и водителката Лила Филиповска која повеќе од еден час даваше исказ за „Рекет“. Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

XS
SM
MD
LG